Македонската репрзентација е хит во градот покрај езерото. Во текот на целиот престој добиваат ВИП третман, а мошне пријатно се изненадени од прекрaсните услови за работа и гостопримиството на домаќините.
– Наидовме на одлични услови почнувајќи од хотелот, сместувањето, исхраната имаме одличен терен за работа, се на се` одличен е впечатокот овде во Поградец– вели Митрески.
Сведоци бевме на тоа што домаќините во секој момент се обидуват да им угодат на македонските репрезентативци и велат дека и во иднина со огромно задоволство би ги примиле “црвено – жолтите“ за нивни гости. – Оваа е голема чест за нас да чекаме вакви гости, ние сме задоволни, фудбалерите се однесуваат на највисокото можно професионално ниво , а за нас е најважно тие да бидат задоволни за да можат што подобро да ја престават својата земја . Ние стоиме на располагање и во иднина се надевам дека повторно ќе го изберат Поградец како база за своите подготовки – вели македонецот по потекло, Панде Лакмани сопственикот на објектот Милениум, каде престојуваат македонските репрезентативци.
Од спортскиот клуб Поградец, кој се натпреварува во втората по јачина албанска лига, се среќни што на нивниот стадион се подготуваше македонскиот национален состав, кој е прв од ваков калибар кој престојувал во Поградец.- За нас преставува голема чест што македонскиот национален состав е дојден во Поградец да се подготвува за пријателскиот натпревар во Корча против Албанија. Прв пат во градот е дојден национален состав и ние правиме сеж што е во наша можност тие да се чувстуваат удобно и пријатно. Погодвивме оптимални услови за работа за македонскиот состав и се надевам дека Поградец ќе им остане во пријатно сеќавање – рече секретарот на фудбалскиот клуб Поградец, Копи Гушо.
Веслачките на Горица Ремо со извонреден успех на Меѓународната регата Војводина опен во Палиќ, која се оддржа по 63 пат Со 5 одличја се закитија веслачките Александра Маленкоска и Исабела Димовска,...
Вевчани повторно беше домаќин на голем број љубители на планинскиот велосипедизам каде успешно се одржа традиционалната Планинска вело тура „Вевчанска Голина – Локва 2025“ Настанот го организираа Е...
Под мотото „Ракометниот терен е мојот свет“, вчера попладне стартуваше четвртото издание на ракометниот камп „40х20“ во Охрид По пристигнувањето, сместувањето и задолжувањето со опрема, деведесет м...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.