Врз основа на информациите од Управата за хидрометеоролошки работи, според кои во наредните денови се најавуваат интензивни врнежи од дожд, Центарот за управување со кризи започна подготовки за можни појави на поплави, особено во регионите каде се уште има снег.

Со цел навремено и превентивно делување, Дирекцијата за заштита и спасување преку своите подрачни одделенија ќе достави вреќи за песок во критичните места каде што е тоа потребно.

Под дејство на јужните струења и интензивните врнежи, може да настане покренување на снежните маси и појава на поплавни бранови во сливните региони на подножјето на Шар Планина, Кораб, Пелистер и Кожув.“ – информираат од ЦУК.

Од ЦУК апелираат до граѓаните да учествуваат во расчистување на малите канали кои се наоѓаат во нивна непосредна близина, а кои се затрупани со цврст отпад кој го зголемува ризикот и опасноста од поплава.

Исто така, на граѓаните им се препорачува доколку приметат одредени појави кои претставуваат закана по животот на луѓето, да се јават на бесплатниот телефонски број за итни повици 195 на Центарот за управување со кризи.

OhridNews