Основачот на социјалната мрежа „Фејсбук“, Марк Цукерберг сведочеше пред американскиот конгрес за скандалот со податоците на милиони корисници што завршија во рацете на „Кембриџ аналитика“. „Ова е моја грешка и жал ми е. Јас го започнав Фејсбук, јас го водев и одговорен сум за ова што се случи“, рече Цукерберг.

Тој пред членовите на Конгресот изјави дека неговата мисија од почетокот била поврзување на луѓето и приближување на светот.

„Огласувачите и програмерите нема да бидат приоритет додека сум на чело на „Фејсбук“. Ја старував социјалната мрежа кога студирав, поминавме низ многу процеси. Денеска им служиме на повеќе од две милијарди луѓе во светот и секојдневно луѓето го користат нашиот сервис за да се поврзат со оние кои им значат. Длабоко верувам во она што го работиме“, рече тој.