Режисерот Андреј Цветановски, на кого претставата „Полицајци“ му е трета соработка со  Народниот театар , воодушевен од реакциите на охридската публика и посетеноста на претставите.


–    Работам во повеќе театри, но она што можам да го кажам за Охрид е дека многу брзо се создаде навика кај публиката за доаѓање во театар , која можеби ја имало и претходно. Секоја сабота салата е полна, што многу ретко се случува во останатите театри. Драго ми е што се увиде дека охридската публика заслужува театар и уште многу изгледани претстави, вели Цветановски.

Салата во Центарот за култура „Григор Прличев“ беше преполна и за последната одиграна претстава „Полицајци“, чија премиера и претпремиера беше викендов, при што повторно се бараше карта повеќе.

Од страна на раководителот на театарот, Горан Стојаноски, најавено е дека во текот на наредниот период ќе следи техничко и кадровско доопремување на театарот, со што освен од уметнички , квалитетот на претставите ќе се подобри и од технички аспект.

OhridNews