Јавното претпријатие „Билјанини Извори“, Општината Охрид конкурираа за организација на „Гимназијадата“ 2014 година. Терминот на одржување е во средината од месец мај, а ако Охрид ја добие организацијата ќе продефелираат повеќе од 1000 спортисти.

Гимназијадата ги опфаќа четирите екипни спортови, а домаќинот може да предложи еден било кој спорт како промотивен. „Гимназијадата“ се одржува на средината од месец мај со што се исфрлува можноста за некоја дисциплина од пливањето.

Како настан „малите олимписки игри“ преставуваат сериозен проект, а според Цветкоски мора да се пристапи сериозно за добивање на организацијата.
– Гимназијадата во последната деценија преставува спортски настан за кој градовите во Македонија сериозно се натпреваруваат за да станат нејзини домаќини. Локалните самоуправи, градоначалниците, општинските училишни сојузи во овој настан гледаат голема можност за промоција на спортот како столб за градење на личноста, гледаат голема можност за промоција на градот, како и голема можност за организациона едукација и стекнување искуство во насока на подобрување на менаџерските способности на повеќето чинители на самата општина. Локалната самоуправа и градоначалникот Никола Бакрачески имаат стратегија како Охрид да постане лидер во сите сегменти на насето живеење така што добивањето на организацијата на Државната гимназијада е само чекор плус кон постигувањето на таа цел. Ние како ЈП Билјанини Извори секогаш ке сме помогатели во реализацијата на таа стратегија, впрочем тоа и сега го докажуваме со активното лобирање и ангажиранје Охрид за прв пат да биде домакин на Државната гимназијада, јас сум убеден дека тоа и ке се случи.

– Ј.П. Билјанини Извори и нејзиниот менаџмент навистина во многу краток временски период се потрудија да покажат, преку многуте помали и поголеми настани, една поинаква визија и креативност за што јас мислам дека во голем дел и успеавме. Убеден сум дека граѓаните, спортистите, клубовите го препознаа тоа така што во името на ЈП Билјанини Извори тие добија сериозен партнер кој се обидува и покрај сите нејзини предизвици во тековното работење да покаже еден сосема поинаков пристап кон меѓусебната соработка – заклучи Цветкоски.
Тој најави дека во нареднио период Ј.П. Билјанини Извори се подготвува за реализација на неколку проекти. Наредната недела како дел од Европската недела на движењето во соработка со здрузението за Спорт и Рекреација од Скопје ке се одржат неколку спортски настани за децата од градинките и основните училишта.
Мх.П.










