– На 02.05.2013 година на Велики четврток бев разрешен од функцијата Директор на ЈП Нискоградба и на тој ден претпријатието беше во позитива од 9.256.660 денари. Вкупните побарувања изнесуваа 67.036.836 ден, вкупните залихи 7.440.886 ден., а вкупните обврски 65.221.062 ден. Во побарувањата не се вметнати 10.751.557 денари од МЈП Проаква Струга – РЕ Водовод Охрид за кои се води судски спор. Доколку изнесените актуелни податоци од ВД Директорот Никола Икономов се навистина точни, тогаш локалната самоуправа треба озбилно да се запраша како е можно за само еден месец со новиот ВД Директор претпријатие од позитива да се донесе во негатива. Јас лично имам сознанија дека прептпријатието со новиот ВД Директор за извршените услуги не доставува фактури, за да не се плаќало без потреба ДДВ. Претприајтието е месечен ДДВ обрзник и законска обрска е во тековниот месец да се достави фактира или ситуација за извршената услуга и на крај на месецот да се потполни реално даночната пријава, се наведува во изјавата на Цветкоски.
Тој додава дека административните забрани не се сопствена одлука на директорот, туку лична одлука на вработениот или административна забрана со одлука на извршител.
– Небулозно е тврдењето дека само две фирми ги добивале поголемиот број од тендерите. Сите тендери одат со јавна набавка и за нив бирото за јавни набавки води строга евиденција. Моментално претпријатието по пат на јавна набавка има склучено договори со преку 20 различни добавувачи. Ако до пред еден месец немало проблеми со јавувањето на добавувачите на распишани тендери, а сега има, треба повторно локалната самоуправа да се преиспита зошто е тоа така, дали со црнењето на јавните претпријатија и нивните поранешни раководни структури не се допринесува за тоа, вели Цветкоски.
Според него, советот на општина Охрид треба во најкраток можен рок да ги разгеледа и донесе: завршната сметка и Извештајот за работењето на јавните претпријатија за 2012 година и периодичниот извештај за првото тромесечие во 2013 година.
– Од нив може да се виде дека ЈП НИСКОГРАДБА ОХРИД, 2012 година ја завршило со добивка повеќе од 2 000 000 денари, а првото тромесечие дури со добивка од преку 5 000 000 денари. Само за потсетување ЈП НИСКОГРАДБА како младо претпријатие кое постои нецели три години на граѓаните на општина Охрид им остави на користење ново изградена улична фекална и атмосферска канализациона мрежа во должина од преку 15 000 м и уште толку ново изградена водоводна мрежа. Во последниов месец дена не е изведен ниту 1 м нова водовдна или канализациона мрежа. На новото раководство на претпријатието му е оставено реално побарување од општина Охрид во висина повеќе од 20 000 000 денари што се доволни вработените да земаат 10 месеци редовно плата, потенцира Цветкоски.