Од нив 12 се однесуваат на Годишните извештаи за материјалното финансиско работење на основните и средните училишта на територијата на општина Охрид, 12 Предлог одлуки за усвојување на Годишната програма за работа на основните и средните училишта, 2 Предлог одлуки за утврдување потреба од изработка и донесување на локална урбанистичка планска документација, додека 6 Предлог одлуки се однесуваат на разрешување и именување на членови на управни и надзорни одбори во јавните претпријатија „ Охридски Комуналец “ и „ Билјанини Извори“, како и Предлог заклучокот за престанок на мандат и верификација на нов мандат на член на Советот на општина Охрид. Како што веќе информиравме, независниот советник Владо Цветкоски се повлекува од Советот на општина Охрид поради неспоивост на функциите кои ги извршува. Тој неодамна е назначен за директор на новото јавно претпријатие „Нискоградба“ и не може истовремено да извршува две јавни функции, односно да биде и советник.На местото на Цветкоски во Советот влегува д-р Величе Маркоски од Независната листа што ја предводеше токму Цветкоски.
На дневен ред на оваа седница се најде и Програмата за заштита на потрошувачите на општина Охрид за период 2011 – 2012 година.