– Сосема заслужена победа на Напредок, со ваква игра поразот е неминовен . Крајно сум разочаран од моите фудбалери особено од играта во првиот дел каде не личевме на себе. Во вториот заигравме подобро и успеаавме да створиме неколку прилики за погодок – истакна Цветкоски.
Во наредната рунда “рибарите“ гостуваат кај Брегалница, но состојбите во клубот и залагањето на фудбалерите не даваат никаква надеж за позитивен резултат.