Охриѓани не успеаа да триумфираат во дербито на дното со Хоризонт Турново ремизирајќи 1-1. “Рибарите“ имаа предност откако Далчески во 23-та минута со глава го совлада Димоски. Предноста “белите“ ја чуваа до 55-та минута кога Божинов со “еврогол“ го изедначи резултатот. 


–  Тежок и значаен меч за нас, на крајот не успеавме да го сочуваме голот и да се радуваме на трите бода. Натпреварот го реши еден шут од далечина кој заврши под пречката. На вакви “да се биде или не“ дуели треба да те послужи и среќата, а таа нас ни го сврте грбот. Во наредната рунда гостуваме ја 11 Октомври, и победата ние единствена опција – потенцираше тренерот на “рибарите“ Миле Цветкоски.

Во 30-та рунда Охрид гостува кај “фенерџијата“ 11 Октомври, а потоа на домашен терен го пречекува Работнички.

Мх.П.