Општина Охрид традиционално и годинава во рамки на одбележувањето на 5-ти јуни-Светскиот ден на животната средина ќе го реализира проектот „Цветни балкони – Цветен Охрид“.

Во рамки на овој проект ќе бидат поделени 300 жардиниери со саксиско цвеќе на жителите кои живеат на следните улици: „Туристичка“ од пресекот со бул.АСНОМ до пресекот со ул.„Јане Сандански“,ул. „Јане Сандански“, десната страна од „Maxi D“ до кружниот тек кај болницата, ул „Сирма војвода“, Бул.„АСНОМ“ до пресекот со бул.„Туристичка“,ул. „Карпош војвода“, ул. „Галичица“, ул.„Ванчо Питошески“,ул.„8 Септември“, ул. „Мирче Ацев“,ул „Лазо Трпоски“.

Акцијата ќе се реализира на 6ти јуни (среда) 2012г.

Граѓаните од гореспоменатите улици кои се заинтересирани за  жардиниери со цвеќе претходно ќе треба да се запишат на список во Општина Охрид- Сектор за урбанизам и заштита на животната средина во соба бр. 56. на 4-ти јуни, понеделник и 5-ти јуни вторник од 12-15часот.

Делењето на цвеќињата ќе се изврши во расадникот на ЈП Комуналец на 6-ти јуни (среда) од 14 до 17 часот. Граѓаните од горе споменатите улици кои претходно се запишале на список во Секторот за урбанизам и заштита на животната средина, цвеќето ќе можат да го подигнат со документи за лична идентификација на кои ќе биде видлива адресата на живеење.

OhridNews