Околу 250 жардиниери со саксиско цвеќе Импатиенс- Лепи Јован, денеска им беа поделени на граѓаните кои живеат во центарот на Охрид . Акцијата што во рамки на Неделата за заштита на животната средина ја реализира Одделението за урбанизам и заштита на животната средина при Општина Охрид во соработка со јавното комунално претпријатие, ќе продолжи и утре кога ќе биде поделен остатокот од вкупно 500 жардиниери. Акцијата предизвика голем интерес кај охриѓани кои во редици нестрпливо чекаа за да добијат жардиниери што во иднина ќе ги красат терасите и дворовите во центарот на градот.



– Акцијата се реализира во рамки на одбележување на Светскиот ден за заштита на животната средина 5-ти јуни и има за цел да ја анимира јавноста за значењето на заштитата на животната средина, истакна Хвза Реџеп Каќел од Одделението за урбанизам и заштита на животна средина.


Реџеп Каќел најави дека интенција на општината е вакви акции да се реализираат и во иднина, со цел да се подигне свеста за зачувување на животната средина. „Ова е прв пат во општината да реалзираме ваков проект и за почеток се фокусиравме на центарот затоа што тука има  најголема фрекфенција на туристи, а се надеваме дека во иднина вакви акции ќе спроведеме и на други локации во градот“, додаде Хавза Реџеп Каќел.

Со акцијата е опфатено централното градско подрачје односно улиците: Кеј Маршал Тито, Македонски Просветители, Гоце Делчев ( од првиот чинар на плоштадот до вториот чинар) ,Даме Груев ( од ул.Македонски Просветители до пресекот со бул.Туристичка )и бул.Туристичка (од Охридска Банка до Маркет Макси Д ). Акцијата продолжува утре од 10 до 13 часот на локацијата помеѓу ТЦ. Амам и комплексот Летница.Граѓаните од горе споменатите улици цвеќето ќе можат да го подигнат со лични документи за идентификација, a секој поединечно ќе може да подигне најмногу две жардиниери.

OhridNews