Од ова претпријатие задолжено за уредување на градските паркови во градот, информираат дека за сезоната што престои поизведен е разновиден расаден материјал, како за сопствените потреби на Ј.П.”Охридски Комуналец” со кој се оформуваат и засадуваат градските парковски површини, така и за потребите на граѓаните и правните субјекти.
Додаваат дека интересот од хотелите, рестораните,правните лица за богатиот асортиман од сезонско цвеќе што се произведува во рамките на “Паркови и зеленило” секојдневно се зголемува.