Тренерот на Баерн Минхен, Томас Тухел зборуваше ги искажа своите очекувања во пресрет на натпреварот со Галатасарај од Лигата на шампионите.

Очекуваме да победиме во многу тежок натпревар. Овој турнир ќе го поминеме чекор по чекор. Секогаш ви треба малку среќа. Галатасарај нема пораз долго време и ние сме тука да се обидеме да ја прекинеме оваа серија, изјави Тухел.

Почетокот на натпреварот во Истанбул е закажа за 18:45 часот.

По првите две кола во А-групата од елитното фудбалско натпреварување, Баерн Минхен е прв со шест бода, Галатасарај има четири, Копенхаген е трет со еден, последен е Манчестер јунајтед без ниту еден освоен бод.

OhridNews