Тренерот на Челзи, Томас Тухел, по ремито (1:1) со Манчестер јунајтед синоќа на натпреварот од 37. коло на шампионатот на Англија, проговори за тоа што му недостига на тимот за да се бори за шампионската титула оваа сезона.

Погледнете како играше Рис Џејмс, кој пропушти 12 недели. Ни недостигаше овој квалитет, но сепак остануваме во топ 3 екипи на шампионатот. Бевме блиску до пласман во следното полуфинале во Лигата на шампионите и за неколку месеци ќе учествуваме во второто куп-финале. Денеска не можевме да сметаме на Матео Ковачиќ и секако на Бен Чилвел. Приказната продолжува во текот на целата сезона. Разликата е во тоа што Манчестер сити и Ливерпул имаат на располагање полн состав, а ние имавме проблеми низ целата оваа сезона. Се соочивме со многу случаи на Ковид и долготрајни повреди, што имаа одлучувачко влијание врз резултатите, рече Тухел.

Челзи со 66 бодови е на третото место во Премиер лигата, додека Манчестер јунајтед освои 55 бода и остана на шестото место во поредокот.

Лидер е Манчестер сити со 80, пред Ливерпул кој собра 79 бода.

OhridNews