Светската ракометна федерација (ИХФ) ги објави официјалните термини во кои ќе се играат натпреварите на Мундијалот во Франција.
Дел од ракометниот Мундијал ќе биде и репрезентацијата на Македонија, која партиципира во Б групата, во која се и Шпанија, Словенија, Исланд, Тунис и Ангола. Натпреварите во оваа група ќе се играат во Мец.
Македонија првиот меч на Светското првенство ќе го одигра на 12.јануари во 16:45 часот против Тунис.
Ривали во преостанатите три кола на македонските ракометари ќе им бидат Ангола (14.јануари, 20:45 ч.), Словенија (16.јануари, 17:45 ч), Шпанија (18.јануари, 20:45 ч) и Исланд (19.јануари, 17:45 ч).
Пласман во осминафиналето ќе изборат првите чтири репрезентации во групата. Светското првенство во Франција ќе се одржува од 12. до 29.јануари.
OhridNews