Македонската опозиција, предводена од СДСМ на 11ти декември во Охрид ќе одржи трибина, на која со граѓаните ќе дебатира за актуелните случувања во земјата. На трибината најавено е присуство на потпретседателот на СДСМ Радмила Шеќеринска, како и на високи партиски функционери на опозцијата.

Трибината во Охрид е дел од стратегијата на опозозициската СДСМ, во рамки на која е предвидено да бидат посетени 16 поголеми градови низ Македонија, во периодот од 5ти до 13-ти ноември. Активностите нма опозцијата започнуваат денеска од Битола.

-Тоа ќе биде можност за членството и симпатизерите на СДСМ и другите опозициони политички партии да се сретнат со членовите на највисокото партиско раководство и директно да дебатираат за прашањата и проблемите од доменот на вон-парламентарното политичко делување.-вели Томислав Тунтев, претседател на општинската организација на СДСМ и пратеник во оставка.

Според него, вчерашната изјава на претседателот на СДСМ Зоран Заев, дадена во Скопје по средбата со лидерите на ЛДП и НСДП, Андреј Жерновски и Тито Петковски, само ја потврдува цврстата определеност на, како што вели, „вистинската опозиција во државава да го продолжи бојкотот на парламентот и да не дава легитимитет на власта за криминално спроведените избори.“

– Ставот на опозицијата е јасен и недвосмислен – нема враќање во Собранието се‘ до оној момент кога власта ќе започне реални и одржливи преговори околу петте барања на опозицијата, од кои четири се всушност темите што ги наметна ЕУ за политичките состојби во Македонија.-додава Тунтев.

Тунтев останува на ставот дека мандатите на пратениците од опозцијата кои поднесоа оставки се насила верификувани, и смета дека тие требало одамна и веднаш да бидат прифатени и констатирани од страна на Собранието.

-Во овој момент, единствено со невлегување во Собранеито и со парламентарна криза опозицијата може да придонесе за започнување на неопходните преговори со власта и нормализација на политичките односи во земјата.-вели Тунтев.

Во врска со активностите на локално ниво, Тунтев истакна дека ОО на СДСМ Охрид е целосно посветена кон реализација и имплементација на неколку проекти од четирите столба на новата стратегија на партијата. Истовремено, ОО на СДСМ Охрид будно ја прати работата на локалната самоуправа и продолжува да биде најзначајниот корективен фактор на владеењето на градската власт, речеа Тунтев.

OhridNews