„Почнува и шестиoт месец како нема претстава на Охридскиот театар“-изјави претседателот на ОО СДСМ Томислав Тунтев на средбата со новинарите што се одржа денеска. Тој посочи дека театарот во Охрид претставниците на актуелната власт го отвориле помпезно, но и покрај тоа опозицијата ја поздравила реализацијата на оваа идеја значајна за културното живеење на градот, но охриѓани сега не можат да уживаат во театарски претстави поради нерешени пороблеми.

-Долго време имаше ентузијастички обиди да заживее театарот во Охрид кој неправедно беше затворен пред педесетина години и сега кога имаме театарска институција нема претстави, затоа што се нема слух да се плати неактерскиот персонал. Па не може театар да постои без неактерски персонал. Не е театарот само актери, теaтарот си бара техничка поддршка.-рече Тунтев.

Тој истакна дека опозицијата поредложила во буџетот за 2014 година на општината да има ставка за помош на Охридскиот театар, посочувајќи дека доколку власта не сака да го финансира театарот охриѓани сакаат затоа што е насушна потреба за нив.

Реагираше ВМРО ДПМНЕ, според која СДСМ продолжува со секојдневно замајување на јавноста и покажува лажна грижа.

-Лажната душегрижност која ја пројавуваат за Охридскиот театар е типичен пример за тоа дека нивното неаргументирано медиумско појавување е небулозно.Имено Охридскиот театар е ветување кое остварено од страна на ВМРО ДПМНЕ. Тука нема дилеми. И додека СДСМ се грижи за работата на Охридскиот театар да потенцираме дека изминатиот период е период во кој Охридскиот театар изврши нормирање и доекипирање од технички-технолошки аспект додека за проектите кои произлегуваат од Охридскиот театар наскоро ќе бидат сведоци и охридската но и македонската јавност.-стои во реакцијата.

Ваквите обвинувања и манипулации од СДСМ преставуваат само мотив повеќе за што поуспешно реализирање на ветените проекти. Ние нема да се поколебаме во нашите цели кои водат кон еден поубав и посовремен Охрид, додаваат од ВМРО ДПМНЕ.

OhridNews