Новиот предлог закон за здруженија и фондации на кој работи работна група во Министерството за правда можеби ќе биде добро пред да стапи на сила да биде пратен до Венецијанската комисија. Каков и да е законот, строг или лош, тој мора да се применува, тој е обврзувачки за сите, нагласи денеска министерот за правда Никола Тупанчески.

Тој, при отворањето на новата дигитална судница во Идризово, рече дека инсистира колку што е можно побрзо да биде завршен предлог законот за здруженија и фoндации.

Работната група е таа што треба да го каже зборот, се разбира дека ќе бараме и од советодавното тело, од Венецијанска комисија, потврда. Ќе мора да има европски стандард, да не заборавиме дека во моментов е започнат билатералниот скрининг којшто не ни дозволува преголема манифестација на сопствена волја, рече Тупанчески, осврнувајќи се на досегашниот закон, за којшто наведе дека бил донесен како „бај пас“, за „бајпасирање“ на состојбите и оти сите сме сведоци што се случува во моментов.

OhridNews