Раскопани и неуредени тротоари. Ова е сликата на булеварот „Туристичка“ на влезот од Охрид, односно на потегот од Лескајца, кон „петљата“. Жителите од овој дел на градот се жалат дека со години газат по прашнави тротоари, а велосипедските патеки одамна се вон употреба.



Пешачката патека на „Туристичка“ кај плаво-белите згради
Покрај тротоарите неуредени се и паркиралиштата на дел од станбените згради, како што е случајот со тоа пред поранешнта продавница на „Жито Леб“, за кое надлежните најавија дека ќе биде поплочено.
Одговор дали и кога се планира санација на тротоарите и паркиралиштата на овој дел од булеварот побаравме од Локалната самоуpпрaва. Оттаму пред десетина дена бевме известени дека се планирани одредени активности во овој дел од бул. „Туристичка“, но и покрај најавата дека ќе добиеме подетални информации што и кога ќе се прави, не добивме официјален став. 

За разлика од наведеното подрачје, останатиот дел од булеварот е уреден, пешачките патеки добија нов асфалт, а неодамна беа обележани и велосипедски патеки.
OhridNews