Здружението на туристички водичи на Македонија, бара Пазарната инспекција да ги санкционира дивите водичи кои во најголем дел се од соседните земји. Доколку тоа не се случи, еснафот најавува преземање на конкретни чекори.

– Деновиве ќе се сретнеме со претставници на Пазарната инспекција од кои ќе побараме решавање на проблемот со дивите туристички водичи, изјави Бранко Босилков –претседател на Здружението на туристички водичи на Макеоднија. Доколку Пазарната инспекција одговори на нашите очекувања ние ќе бидеме задоволни, но доколку тоа не биде така, нема да чекаме долго и пред Нова година ќе побараме од државата да формира Туристичка инспекција, за што веќе е изготвен соодветен елаборат, рече Босилков.

Да се стави крај на нелојалната конкуренција бараат и туристичките агенции од Охрид.

– Постојат туристички агенции во Охрид  кои што ја обавуваат дејноста од автомобил. Сите водичи сега  се приватни агенции кои што не го регистрираат прометот, ноќевањата, а да не зборуваме за средствата, изјави Перо Јакимов од ТА „Генералтурист“. Тој очекува новоформираната Стопанската комора за туризам на Македонија, која викендов во Струга одржа основачко Собрание, сериозно да се зафати со решавање на наталожените проблеми во туризмот.

Г. Момироски