Со цел вмрежување и соработка со македонски и германски туроператори во македонската амбасада во Берлин се одржа промотивен настан на иницијатива на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ), во рамки на Меморандумот за соработка потпишан со Алијанса на независни туристички агенции од Германија (ASR).

Агенцијата за туризам изразува благодарност до македонскиот амбасадор во Берлин, Илбер Села за поддршката и активното учество во промоцијата на Македонија пред германските туристички ентитети. Благодарност до туристичкиот водич Андријана Башоска за заложбата да го пренесе најавтентичното од Македонија и да ја доближи туристичката понуда пред германските туристи, се вели во соопштението од АППТ.
Од АППТ посочуваат дека идната соработка со германските туроператори е веќе воспоставена и следните активности ќе се реализираат со организирање на информативно патување низ земјава и бизнис средби во Скопје и Охрид.
OhridNews












