
На манифестацијата беа презенирани традиционални македонски јадења, познати брендови вина од охридската винарија „Билјана “ и „ Тиквеш “ од Кавадарци, а сето тоа дополнето со убава македонска песна и настап на фолклорно друштво. Како што информираат од локалната самопуправа на официјалната вечер на македонската традиција во ресторанот „ Ковач “ присуствувале македонскиот амбасадор во Србија Љубиша Георгиевски, познатиот адвокат Тома Фила, естрадните ѕвезди Маја Оџаклиевска, Васил Хаџиманов, дуетот Селимова – Желчески и други познати личности од јавниот живот во Белград.

За посетителите на Деновите на македонската традиција беше подготвен соодветен пропаганден материјал, а гостите на официјалната вечер на подарок добија охридски бисер.

Бисер за добро сеќавање











