На Деновите на македонската традиција, што се одржаа од 4 до 8 мај  во познатиот ресторан „ Ковач“ во Белград беa презентирани туристичките можности на Охрид како  една од најпривлечните дестинации за српските туристи.


На манифестацијата беа презенирани традиционални македонски јадења, познати брендови вина од охридската винарија „Билјана “ и „ Тиквеш “ од Кавадарци, а сето тоа дополнето со убава македонска песна и настап на фолклорно друштво.  Како што информираат од локалната самопуправа на официјалната вечер на македонската традиција во ресторанот „ Ковач “ присуствувале македонскиот амбасадор во Србија Љубиша Георгиевски, познатиот адвокат Тома  Фила, естрадните ѕвезди Маја Оџаклиевска, Васил Хаџиманов, дуетот Селимова – Желчески и други познати личности од јавниот живот во Белград.


За посетителите на Деновите на македонската традиција  беше подготвен соодветен пропаганден материјал, а гостите на официјалната вечер на подарок добија  охридски бисер.


Бисер за добро сеќавање

OhridNews