Дводневно информативно патување на дипломатски претставници – амбасадори со мандат во Приштина, Косово организираа Амбасадата на Република Северна Македонија во Приштина во соработка со Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.
Прошетката по кејот на реката Црн Дрим, велат од АППТ, беше посебно уживање, како и дегустација на традиционална македонска храна, која никого не остава рамнодушен. Дополнително, додаваат, на гостите им беше презентирана визијата за развој на туристичкиот сектор до 2025 година.
Соработката на АППТ со амбасадорката на Северна Македонија во Косово, Шпреса Јусуфи е за поздравување и е прв чекор во зајакнување на туристичката дипломатија на двете земји. Креативноста, ресурсите и капацитетите ќе овозможат успешна меѓуинституционална соработка помеѓу туристичката дипломатија на Република Косово и Република Северна Македонија за враќање на туризмот и зголемување на бројот на туристи на регионално ниво. Туристичката дипломатија многу често има поголем ефект во промоцијата на една земја. За тоа сведоци се дипломатите кои учествуваа на ова информативно патување во нашата земја и секако ќе овозможи дополнителна перцепција за дестинацијата, изјави директорот Љупчо Јаневски.

OhridNews













