Македонските туристички потенцијали презентирани на неодамна одржаниот саем за туризам во Милано, на кој учествуваа туристички агенции од нашата земја, кои италијанскиот пазар го одредиле како таргет.

Во текот на четиридневното промовирање беше организирана презентација на туристичкиот потенцијал на Македонија пред туроператори и новинари од Италија, како и пред потенцијални туристи, проследена со дегустација на традиционална македонска храна и вино.

Презентацијата на туристичкиот потенцијал на нашата земја проследена со видео материјал од промотивната кампања Мацедониа Тимелесс, ги покани присутните да ја посетат нашата земја и лично да се запознаат со богатата историја, култура, религија, архитектура, природа и секако вкусна храна и вино на кои ниту еден посетител не останува рамнодушен.

Саемот Бит 2013 имаше над 2.000 излагачи, од повеќе од 120 земји кои ги промовираат своите потенцијали на површина од 86.000м2.

Бројот на посетители од 90.000, како и присуството на 60.000 професионалци во туризмот од кои 44% се  туристички агенции и 3.500 новинари преставуваат причина повеќе за одлуката за промовирање на нашата земја во рамки на овој реномиран саем од областа на туризмот.