Македонската туристичка понуда по втор пат се претстави пред потенцијалите француски туристи. Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во наредните три дена ја промовира туристичката понуда на земјава на саемот за туризам во Париз, Франција.

Привлекувањето на туристи во оваа земја се одвива преку прилагодена туристичка понуда за детектираниот интерес кој е насочен кон недопрената природа и културата на земјава. Туристичката понуда на Македонија е во конкуренција со понудата од 1700 тур – оператори од светот, а најголем е интересот од страна на младите парови, семејства и поединци. Интересот на француските туристи е најголем за авантурата, кратки посети на градови и култура, а својот одмор, неверојатни 70% од француските туристи преферираат да го резервираат преку интернет.

OhridNews