Туристичката понуда на Охрид и Македонија се презентира на Меѓународната туристичка берза во Берлин
05.03.25 10:03
Туристичката понуда на Македонија, најатрактивните локалитети во земјава и локалните туристички продукти се презентираат на Меѓународната туристичка берза што до 6 март се одржува во Берлин, Германија.
На големиот саем за патувања, иновации, знаење и инспирација за поместување на туристичките граници, ќе се претстават 190 земји и региони со 5.600 излагачи, сите со свои атрактивни и иновативни туристички продукти.
Презентацијата на можностите, кои ги нуди Македонија за светските патувачи, во Берлин се одржува во соработка на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот со рекорден број коегзибитори, тур-оператори и хотелиери, меѓу нив и од Охрид.
Од Агенцијата посочуваат дека германскиот туристички пазар станува приоритетен, поткрепено со фактот дека туристите од Германија се во првите пет по престој во земјава, со остварени 38 илјади туристички посети и 75 илјади ноќевања и реализиран 8-процентен раст забележан минатата година.
Паднато дрво на патниот правец Охрид – Кичево, во близина на селото Ботун, општина Дебрца, го попречило движењето, поради што сообраќајот е во прекин Информацијата ја потврдија од Општина Дебрца Сп...
Почесен црн појас први дан доби потпретседателот Зоран Парулески, а Федерацијата викендов ја очекува настап на „Перник Опен“ во Бугарија Марјанчо Лазаревски и Саша Поповски се првите носители на ма...
ГФК Охрид Лихнидос ја прекинува соработката со фудбалерот Валентин Кочоски, соопшти вечерва второлигашот од Охрид Како причина за ваквата одлука, клубот наведува непрофесионално однесување на фудба...