Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) е учесник на 26-тата меѓународна изложба за туризам и патување ЕМИТТ-East Mediterranean International Tourism & Travel Exhibition.
На репрезентативен штанд заедно со македонскиот туристички сектор меѓу кои, Бадем Тур, ЈК Травел, хотел Фама, СУ хотел, Oпштина Струга и ПЦС Тур ќе ја промовираат нашата земја како важна туристичка дестинација за турските туристи. Од 12ти до 15ти април илјадници странски посетители ќе се запознаат со природните убавини, историските, културните знаменитости и ено-гастро туризмот на Северна Македонија. Се очекува изложбениот простор на Република Северна Македонија традиционално да е посетен од бројни високи претставици од Република Турција, како и значајни учесници од реалниот сектор, велат од АППТ.
ЕМИТТ продолжува да ја обликува индустријата со корисни содржини и партнерства кои создаваат вредност за сите учесници. Постигнувајќи голем успех со учество од над 110 земји, 33.595 посетители, над 430 егзибитори и повеќе од 200 поканети туроперотори како и активни туристички работници, ЕМИТТ е клучна платформа за развој на туристичката индустрија и помагање на туристичото стопанство да добие поголем импулс.
OhridNews












