-Понудата предизвика голем интерес како најконкурентна понуда за Македонија, а првичните коментари на српските агенции беа дека таа може да се носи со понудите за приватно сместување во Грција, информираат од Хотелската асоцијација на Македонија.
Понудата опфаќа седумдневни аранжмани во хотели на охридската и струшката ривиера по цена од 13 до 20 евра за попупансион дневно.
Од ХОТАМ информираат дека се работи и на воспоставување чартер лет Белград-Охрид или закуп на места во некоја од постоечките авионски линии.