Целта на кластерот е да ја обедини целата туристичка понуда во регионот и да го подигне квалитетот на услугите со акцент за развој и промоција на алтернативниот туризам . Тој ќе промовира форма на привлекување гости за која регионот има потенцијал , а досега не е адекватно препозната, канализирана и промовирана.
-Визијата на кластерот е Југозападниот плански регион да стане светски привлечна туристичка дестинација со високо квалитетна и интегрирана понуда, заснована врз одржливо искористување на природното и културното наследство, изразена автентичност и традиционална гостопримливост. Оваа визија кластерот ќе ја оствари преку својата мисија за зајакнување на меѓусебната соработка на полето на туризмот помеѓу деловната заедница, јавниот и граѓанскиот сектор, креирање синергија и развивање и спроведување на заеднички проекти и активности, велат основачите на кластерот.
Од таму објаснуваат дека за остварување на својата визија и мисија тие ги зацртале следните стратешки приоритети на делување во посебна Програмата, оај ќе го опфати периодот од 2011 до 2015 година.
Во рамки на промоцијаат на кластерот свое присуство ќе земат претставници на Министартвото за Економија, градоначалникот на Општина Охрид, Александар Петрески и директорот на Агенцијата за промоција на туризмот, Јордан Трајков.