Во организација на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот , на саемот во Русија, Македонија се претстави со модерни промотивни материјали, на нов изложбен простор.
Како што информира Дневник, на годинешниот саем претставници од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, како и на Асоцијацијата на хотелиери, ресторани и кафетерии ХОТАМ, кои со поддршка на Амбасадата оствариле средби со бројни претставници на руски тур-оператори при што биле разгледани можностите за воспоставување на конкретна соработка во организирањето на туристички аранжмани за руски туристи. Како еден од конкретните заклучоци од средбите на нашите и руските претставници (Федералната агенција за туризам и Асоцијацијата на туристичките оператори на Русија), од двете страни била изразена подготвеност за скорешно организирање на т.н “тура за запознавање“ на група на заинтересирани руски тур-оператори во Македонија, што би претставувало добра можност за подетално и поблиско запознавање со конкретните можности, потенцијали и компаративни предности со кои располага Македонија, каде постојат конкретни можности за привлекување на интересот на руските туристи.