Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот го претстави туристичкиот потенцијал на Македонија на најголемиот нордиски саем за туризам “Матка” кој деновиве се одржа во Хелскинки- Финска.

– По минатогодишниот успех,годинава уште еднаш успеавме да покажеме дека Македонија има што да им понуди на нордиските туристи. Со новиот дизајн на штандот како и целокупниот промотивен материјал кој го подготвивме во Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот успеавме да добиеме пофалби како од потенцијалните туристите така и од најголемите тур оператори во Финска и нордиските земји“, изјавија од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.

Од агенцијата додаваат дека според поделениот промотивен материјал на саемот, интересот за македонскиот штанд бил голем.

OhridNews

извор:Макфакс