Претставници од Секторот за туризам и локален економски развој при локалната самоуправа, за првпат учествуваа на Меѓународниот саем за туризам во Измир, Република Турција. Во соработка со претседателот на кластерот за туризам „ Еден “ Ружди Муфти и Туристичката агенција „ Кошукавак“ од Турција, во Измир беше промовирана туристичката понуда на Охрид, околината и поширокиот регион.
– Од почетокот на годинава заклучно месец јули, Охрид го посетиле над 12. 000 гости од Турција, податок кој укажува на потребата за поинтензивно промовирање на туристичката понуда и на воспоставување на поблиска соработка со турските партнери, не само во областа на туризмот ,туку воопшто во општествените и економските односи, велат од локалната самоуправа.
Во рамки на саемските активности, пред бизнис елитата на туристичката комора на Измир, беше промовирана и брошурата „ Инвестирај во Охрид “ преку која беа презентирани и можностите за инвестирање во Охрид.
OhridNews