Туристичките потенцијали во земјава, меѓу нив и Охрид во фокус на емисиите на италијанската национална телевизија.
Продукциска куќа од Италија во периодот од 26 септември до 2 октомври подготвува емисии за RAI националната италијанска телевизија, информираат од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.
Ќе бидат преставени македонските туристички потенцијали. Скопје, Националниот парк Маврово и Охрид се во фокус на продукцијата, а АППТ е дел од организацијата, велат од Агенцијата.
OhridNews














