Делегација на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија (АППТРМ) е дел од 25-та годишна сесија на Парламентарното Собрание (ПС) на ОБСЕ со цел подобра промоција на земјава пред претстојната есенска сесија на ПС на ОБСЕ, која ќе се одржи во Македонија од 29-ти септември до 2-ри октомври 2016 година.

Под мото „25 години од парламентарната соработка: градење на доверба преку дијалог“ годишната сесија на парламентарното собрание на ОБСЕ за 2016-та се одржува во Тбилиси, Грузија од деска до 5-ти јули 2016 година. Се работи за настан на кој учествуваат повеќе од 300 членови на парламенти од над 50 земји од светот.

Пред есенската сесија на која домаќин ќе биде Собранието на Република Македонија, АППТ со своја делегација во Тбилиси прави промоција на туристичкиот потенцијал на Македонија преку презентација на македонската култура, традиција и историја.

На настанот од пет дена на кој се одбележува четврт век од постоењето на ПС на ОБСЕ, АППТ ги запознава гостите со земјава преку вино, промотивни материјали и традиционални сувенири кои ја претставуваат нашата култура и традиција.

OhridNews
Извор:„Макфакс“