Туристичките можности на Охрид и Македонија ќе бидат презентирани во Москва од 8-13 мај, кога во руската престолнина ќе се одржи и изборот за песна на Евровизија.  

На покана на Руската асоцијација на туроператори и нашата амбасада, овие денови во Москва ќе престојува директорот на Агенцијата за промоција и подршка на туризмот на Р.М. м-р.Зоран Стрезовски, кој ќе се сретне со претседателот на руската асоцијација на туроператори. На средбата ќе бидат  разменети искуства од областа на туризмот и можноста Македонија да се вклопи во програмите на петнаесетина руски туроператори пред кои ќе бидат презентирани туристичките потенцијали на нашата земја.

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Македонската вечер на Евросонгот ќе подели промотивен материјал за туристичките потенцијали на Македонија, ќе се промовира македонското вино, а двајца од присутните гости ќе бидат наградени со 5-дневен аранжман во Македонија во хотел со 4 ѕвезди.

Ohridnews