Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот и оваа година  учествуваше на реномираниот саем за туризам во Милано каде изврши промоција на Охрид и Македонија со цел да се прошири и зголеми заинтересираноста на потенцијалните туристи од Италија.

Македонските туристички потенцијали беа презентирани на италијанскиот пазар со нов дизајн на штандот, видео материјал од промотивната кампања Macedonia Timeless и нови промотиви материјали изработени за италијанскиот пазар.

Во текот на тридневното промовирање македонскиот штанд беше посетен од туроператори и новинари од Италија, како и од голем број на потенцијални туристи кои покажуваа интерес за религиозниот, културниот туризам и кружните тури низ Балканот вклучувајќи ја и нашата земја.

OhridNews

извор: Макфакс