Од страна на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, на Саемот за туризам што се одржа деновиве во Истанбул- Турција, на брендиран Macedonia Timeless штанд, на потенцијалните туристи им беа презентирани туристичките потенцијали на Охрид и Македонија.

Промоцијата беше организирана во соработка на четири туристички агенции,Т.А.Генералтурист,Бадем Турс,Мак Сун травел и Савана, кои ги дистрибуираа своите промотивни материјали на потенцијалните туристи.

На штандот кој беше посетен и од страна на турскиот министер за туризам и култура, голем број туроператори и туристички агенции побараа информации и покажаа голем интерес за посета на земјата на младоста на Кемал Ататурк.

Присувството на голем број потенцијални туристи, кои имаат роднински врски во Македонија и нивната заинтересираност за нашата земја, ветуваат зголемување на бројот на турските туристи, велат од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот .

OhridNews