Агенцијата за промоција на туризмот во соработка со Општина Охрид и ТАВ Македонија ги презентираше Македонските туристички потенцијали  на најголемиот Меѓународен Саем за туризам што се одржа во Берлин од 09-13 март .


На брендиран штанд пред потенцијалните туристи се презентира македонската архитектура,традиционалната облека, културниот и езерскиот туризам.


Како дел од презентацијата била организирана и дегустација на традиционална македонска храна, македонско вино, а посетителите имаа можност да уживаат во македонската музика.

OhridNews