Туристичките работници бараат надлежните институции да преземат соодветни мерки за елиминирање на сивата економија и нелојалната конкуренција на пазарот, што вообичаено се појавува пред почетокот на туристичката сезона. Тие посочуваат дека толерирањето на поединци кои, како што велат, на незаконски начин обавуваат туристичка дејност, нанесува огромна штета како на нивното работење, така и на туризмот во целост.
– Секоја година со почетокот на туристичката сезона ни се повторуваат проблемите. Минатата година пред крајот на сезоната беа преземени одредени мерки, меѓутоа доколку од мај инспекциските служби не излезат на терен истата слика ќе ни се повтори и годинава, затоа што како што затопли времето истите луѓе кои се занимаваат со сива економија се излезени на пазарот, вели туристичкиот работник Верица Хајба.
Според неа во интерес на државата е да си ја штити државната каса, а тоа може само доколку луѓето кои ја шират сивата економија бидат соодветно санкционирани.











