„Превенција за поголема безбедност во туризмот“- е темата на денешното предавање, што СВР Охрид ќе го реализира пред повеќе туристички работници од Охрид и Струга.

Целта на ова едукативно предавање, е препознавање на безбедносните ризици, стекнување и практикување на  принципите на основната безбедносна култура, односно на основните постулати поврзани со безбедноста на туристите. 

На предавањето организирано од страна на Балканската алијанса на хотелски асоцијации-БАХА, во која членува и хотелско-туристичката асоцијација на Македонија-ХОТАМ, ќе се обработат повеќе теми поврзани со одредени безбедносни ризици и проблеми, превентивни постапки при нарушување на  јавниот ред и мир, превентивни мерки од кражби, како и други мерки за заштита и безбедност на туристите.

Предавањето на тема „Превенција за поголема безбедност во туризмот“, што се одржува во хотелот „Дрим“ во Струга, ќе придонесе за обученост на туристичките организации, за препознавање на кризни состојби, навремено менаџирање со истите, избегнување на безбедносни проблеми за туристите и имплементација на неопходните безбедносни норми и стандарди во севкупната туристичка понуда на хотелите.

OhridNews