
– Македонскиот пазар е позатворен и не верувам дека посериозно ќе се одрази финансиската криза на развојот на туризмот во земјата. Законот за субвенционирање ќе ги поттикне странските туроператори да дојдат во Македонија и очекувам наредната година да биде многу поуспешна, вели Бранко Босилков –претседател на Здружението на туристички водичи на Македонија.
Спротивно на него, познатиот туристички работник од Охрид, Перо Јакимов од агенцијата 
– Сега би биле несериозни пред Нова година да зборуваме за тоа, бидејќи менталитетот на балканецот е славенички. Охрид за новогодишните празници уште сега е исполнет 80%, а дали и колку светската економска криза ќе се одрази на туризмот во Македонија ќе видиме во 2009 година, вели Јакимов.












