Гости од Словенија, Англија, дури и далечната Јапонија, деновиве можеа да се забелеажат насекаде низ Охрид. Ги разгледуваа културно историските споменици, купуваа во продавниците на старите охридски фамилии кои изработуваат филигран, уживаа во подготвените специјалитети во охридските ресторани на крајбрежјето.


Ваквата посетеност пред официјалниот почеток на туристичката сезона, влева оптимизам кај туристичките работници дека оваа сезона ќе помине многу поуспешно за разлика од изминатите неколку години.


– Турите со гости од неколку европски земји се веќе најавени, дел од парите  за нивното доаѓање се веќе префрлени на сметките на хотелиерите. Ако половина од најавените доаѓања се реализираат, може да се каже дека Охрид годинава ќе ја има најуспешната туристичка сезона во изминатите петнаесеттина години, велат тие.   

OhridNews