Туристите од земјава и странство во текот на изминатите неколку дена  видно ја раздвижија и му дадоа живост на охридската чаршија. Според метежот кој можеше да се забележи вчеравечер после 22 часот, може слободно да се каже дека таа започна да наликува како во време на шпиц сезона.


Освен во чаршијата многу раздвижено беше и покрај охридскиот кеј, а кафулињата во централното градско подрачје беа преполни со гости.



Туристичките работници очекуваат дека во текот на претстојниот викенд бројот на туристи во Охрид значително ќе се зголеми.

OhridNews