Кој повеќе прави за туризмот, локалната или централната власт, СДСМ или ВМРО ДПМНЕ? – е најновата “причина“ за медиумска расправија на лутите политички ривали.

Откако СДСМ критикуваше дека општината инвестира повеќе средства во промоција на туризмот отколку државата, уследија повеќе деманти од другата страна која е изненадена од нападите за кои смета дека се некоректни и политички мотивирани.

Партиите и надлежните институции очигледно имаат што уште да си појаснат околу туризмот, па најавуваат тематски прес конференции на кои ќе ги изнесат своите гледишта.

И додека загрижените партиски функционери се препукуваат, експертите предупредуваат на опасноста од целосен крах на претстојната сезона. Неконкурентните цени, слабата организација, недоволната промоција и лошата инфраструктура во комбинација со економската криза која во туризмот се уште силно се чувствува, според туристичките работници Македонија ја ставаат на дното на туристичката понуда за претстојната сезона во која конкурентите од регионот веќе исфрлија евтини аранжмани на што домашниот туризам засега нема одговор.

OhridNews