Во рамки на посетата на Женева, градоначалникот на Општин Охрид, Кирил Пецаков оствари средба со амбасадорка од нашата земја при Обединетите нации Н.Е. Теута Агаи – Демјаха.

На средбата поразговараме за соработка со Амбасадата во областа на туризмот, односно во промоцијата на Охрид, со цел привлекување на што повеќе туристи. Понатака разговаравме за швајцарскиот модел во развојот на руралниот туризам, информира градоначалникот Пецаков.

Се надевам, додава Пецаков, дека со заеднички сили ќе успееме да привлечеме повеќе гости во Охрид.

OhridNews