„Turkish Airlines“ е фаворит за нов македонски национален авиопревозник, објави специјализираниот блог за вести од авиоиндустријата „EX-YU Aviation News“.

-Само недела дена по најавата за испитување на интересот кај компаниите за лет под македонско знаме, „Turkish Airlines“ е компанијата која има најголеми шанси да ја заземе таа улога. Во 2012-та оваа турска компанија доби статус на редовен авиопревозник со што има право да бира дестинации на кои ќе лета, а се верува дека силен лобист за оваа компанија да стане и национален авиопревозник е концесионерот на аеродромите ТАВ, пишува блогот.

Своевремено, првиот човек на ТАВ изјави дека на Македонија и е потребна компанија со ваков статус за да го развие авиосообраќајот што ќе биде проследено со позитивни ефекти во други гранки како туризмот.

Владата објави дека ќе бара консултант кој ќе го провери интересот на меѓународниот пазар  за национален авиопревозник, по што ќе се понуди пакет услови на заинтересираните авиокомпании.

OhridNews

http://exyuaviation.blogspot.com/2014/07/turkish-eyed-as-macedonias-national.html