Со три натпревари продолжи 51. издание на турнирот во мал фудбал „Петровден – Мешеишта“. Синоќа беа одиграни два осминафинални дуели и натпревар од групната фаза.
Во осминафиналето, Аце Најдески со 2:1 ја совлада екипата на БЗ Груп Струга и обезбеди пласман во следната рунда.
Пласман понатаму избори и Хотел и СПА Инекс Олгица, кој славеше убедливо со 4:1 против Кафе Бар Слобода Кичево.
Во натпреварот од Групата Г, Чардак Велгошти го совлада Оровник со високи 9:1.
Вечерва на програмата се уште три осминафинални пресметки. Први, од 20:30 часот, ќе се сретнат АСП Пак и Кафе Бар Коко. Во 21:30 часот играат Охридски Бисер Филеви и Нова-пор, додека од 22:30 часот Др. Баткоски ќе се сретне со Оровник.













