Екипата на Инекс Олгица е последен патник во четвртфиналето на 20-то јубилејно издание на турнирот вои мал фудбал во Велгошти, откако вечерва со 3:2 ја совлада екипата на Вила Мина. Екипата на АСП ПАК, пак, се пласира во полуфиналето по убедливата победа над Ресен со 3:0.

Резултати 01.08.2025

Инекс Олгица – Вила Мина 3:2
АСП ПАК – Ресен 3:0

Денеска на е слободен ден, а турнирот продолжува во недела, со преостанатите средби од 1/4 финалето.

Распоред на натпревари 03.08.2025, недела

20:00 Кибо Пласт – Стоматолошки центар Др. Баткоски
21:00 Инекс Олгица – Гранит Х
22:00 Сатеска – Кафе бар 9

Г.М.