По ден пауза вечерва продолжија натпреварите на турнирот во мал фудбал Велгошти 2025. Се одиграа четири натпревари на кои беа постигнати 15 гола. Пораз забележа освојувачот на трофејот од минатата година, Кафе бар 9 кој загуби од Гранит Х.
Резултати 20.07.2025, недела
Аце Најдески – Ресорт Бате Боле 3:1
Инекс Олгица Хотел и Спа – Б3 Груп 3:1
Кафе бар 9 – Гранит Х 0:1
Чардак Велгошти – Хотел Тино 5:1
Турнирот продолжува во понеделник со четири средби од фазата по групи.
Распоред на натпревари, 21.07.2025, понеделник
20:00ч Вила Мина – Беневенто
21:00ч Вила Мина – Сатеска
22:00ч Бел Мерцедес – Екстра Скопско
23:00ч Фурна Настоски и Форт кафе – Дооел Ноче
Г.М.